„Да почнеме од нас“ е насловен краткометражниот филм во режија на талентираниот Иво Георгиески, ученик во ОУ „Григор Прличев“ Охрид, кој својата премиера ќе ја има утре (18.05.2023) во Младински Центар Охрид.
Филмот носи порака против меѓуврсничкото насилство, кое, за жал, е посебно актуелна тема. Улогите ги толкуваат: Ана Марија Цветковиќ, Ана Илоска, Руждие Асан, Елена Веруш, Софија Мирческа, Фросина Белистојаноска, Анастасија Настеска и Славица Мојсоска. Сценариото, режијата и монтажата е на Иво Георгиески. Учениците работеа под менторство на Славица Јолакоска Таштаноска.
Проекцијата е закажана за 13:30 часот. Од ОУ „Григор Прличев“ со овој филм покренуваат иницијатива „СТОП на врсничкото насилство“ и ги покануваат сите ученици и училишта да го погледант филмот и да се приклучат.
Инаку, филмот учествуваше на 60-тиот Државен натпревар на млади природници и техничари кој се одржа во април. ОУ „Григор Прличев“ со филмот на Георгиески за прв пат имаше свој претставник во областа кино и видео техники на државниот натпревар.