Skip to main content

Премиера на „Живот под кирија“ на Охридско лето

Премиера на „Живот под кирија“ на Охридско лето.

 |  Валентина Неловска  | 
pretstava
pretstava

„ Живот под кирија“  е претставата  која утревечер ќе се прикажува на фестивалскиот репертоар на Охридско лето. Театарската претстава е надреална сатира, премира, фокусирана на животот на младиот режисер Дин и неговите почетоци за создавање на еден нов свет во театарот. Неговото искуство ќе покаже дека тука не оди се така лесно. Дин се соочува со непослушност на акатерите  и  управата кои театарот го гледаат како начин за постигнување на други цели. Улогата на Дин ја толкува актерот, Бесфорт Идризи.
 
Автор на сценариото на претставата „Живот под кирија“ е Рефет Абази и  во последните театрски текстови авторот се бави со случувањата во театарот денес. Абази ќе рече  „ ме боли тоа што се случува во мојот и во другите театри,  и околу нас. Мој е обидот да дадам допринос кон друго гледање на работите. Ние знаеме театарот не нуди решение само отвара погледи и можности за гледање на таквите работи.“
 
reziserРежисер на претставата е италијанецот Лука Кортини кој од Фиренца доаѓа во Скопје и во класата на режисерот Слободан Унковски ги завршува студиите на Факултетот за драмски уметности. Работел на многу интернационалнаи продукции со режисерот Александар Попоски и режирал различни културни и програмски настани. При следењето  на оваа претстава се добива чувство дека се оди против затворените системи, се служи со кршење на целината, бара транспаретност и отворен дух, за да се избрише ефектот како резултат на невозможното.

Во претставата, покрај Бесфорт Идризи кој го толкува главниот лик Дин, играат актерите  од Народниот албански театар,  Амернис Нокшиќи Јованоска, Хисмет Рамадани, Аида Елези, Генци Мирзо и др.

{loadposition content9}