Премиерот Никола Груески во обиколка на Плаошник
Премиерот Никола Груески во обиколка на Плаошник.
Комплексот Плаошник денес го посети премиерот Никола Груески. Во обиколката на 6-те објектите беше запознает со фазите на градежните работи на сите објекти пооделно. Премиерот при посетата на Плаошник посебно интерес покажал за градежните работи кои се одвиваат на Св Климентовиот универзитет. Во обиколката го придружуваше директорката на Завод и музеј , Тања Паскали Бунташеска.
Таа при тоа кажа дека се испочитувани сите претходни забелешки на Унеско.
„ Проектот се преработи може да се видат проектите и да се споредат со претходните. Се почитуваа препораките од Унеско , проектите се испратени до нив и нема проблеми“, кажа Бунташеска Паскали.
Директорката на завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска информира дека комплекот Плаошник целосно треба да биде завршен до 2018 година.