Пренаменети средства од буџет за мини плоштад и осветлување на болницата Св.Еразмо
Пренаменети средства од буџетoт за мини плоштад и осветлување на болницата Св.Еразмо.
Од општинскиот буџет ќе се пренаменат пари за уредување на градежно земјиште за периодот 2017 -2019 година. Со тие сртдва се планира да се уреди малиот плоштад на улицата Самоилова, а ќе се осветлува и болничкиот комплекс Св. Еразмо.
Советниците од СДМС повторно реагираа на тоа што се носат проекти без писмен извештај. Не се согласуваат со пренасочување на 3 милиони денари за осветлување на болничкиот комплекс кој е проект на Владата и сметаат дека владата треба да го доврши со сопствени средства. За нив приоритет е парите да се употребат за инфраструктурно уредување на охридските улици како што е на пример улицата Абас Емин или во обнова на останатите здравстеви објекти кои се во лоша состојба.
„Ако сакаме градот да помогне дајте пари за да се направи објектот Маларична, да се обнови кровната конструкција, а не по секој дожд да бегаат и пациентите и лекарите. Да дадеме пари каде што е приоритет со целиот респект кон болничкио комплекс Св. Еразмо која е сепак инвестиција на Владата“, вели Мицкоска.
Секретарот Димитар Спасески , не гледа ништо спорно што градот сака да даде свој придонес во уредување на болничкиот комплекс.
„ Што ќе е проблем учеството на градот Охрид во уредување на просторот Св. Еразмо. Охрид добива модерен клинички центар и сакаме во мозаикот да имаме и едно наше камче утре да се знае дека градот домаќин покажал мал смешен дел во инвестицијата која Охрид ја добил, а од него не побарл никој да учествува “, кажа Спасески.
Советниците изгласаа одлуки за организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата од Охрид, одлука за поставуавње на урбана опрема, а беа донесени и повеќе урбанистичко плански документации.