Skip to main content

православен календар

Преподобен Јован и Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник

Православен календар: Спомен на Преподобен Јован и спомен на Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник.
 |  инфодеск  | 
Свеќи

Ученик на светиот Григориј Декаполит. Во времето на иконоборната ерес, царот Лав Ерменин го подложи свети Јован на маки заедно со неговиот учител Григориј и со свети Јосиф Песнописец. Кога Григориј го заврши својот земен живот, Јован стана игумен на Декаполитовиот манастир во Цариград. Штом стана игумен, заради Царството Божјо тој го удвои својот подвиг. Се упокои мирно околу 820 година. По смртта, Јосиф го погреба Јована близу до гробот на неговиот учител Григориј.

Козма и Авксентиј живееја во 9 век, во времето кога иконоборците ги гонеа приврзаниците на Православието. Козма беше родум од Константинопол, и уште од младоста беше отишол во манастир и примил монашки потстриг. Потоа тој беше ракоположен за епископ Хакидонски и ревносно ја заштитуваше православната вера од еретиците иконоборци. Преподобниот Авксентиј му беше помошник во таа борба. Иконоборците многукратно се обидуваа да го здобијат светителот на своја страна, но тој до крај му остана верен на Православието. Козма не се потчини на указот на императорот Лав Ерменец (813-820) за отстранување на светите икони од храмовите. Заради тоа беше прогонет од својата катедра и испратен во заточеништво. Кога го вратија од таму, тој заедно со преподобниот Авксентиј продолжи да го заштитува почитувањето на светите икони. Од постојаните гонења, Козма ослабе со телото, но со духот остана цврст. Светиот Козма и преподобниот Авксентиј, сè до својата кончина неотстапно ја зачуваа православната вера. Се упокоија околу 815 – 820 година.