Препораки на Црвениот крст за Водици
Црвениот Крст од Охрид годинава со посебно предупредувње до сите скокачи по светиот крст. Да внимаваат на обележаните простори кои што се на самиот спуст на пристаништето, бидејки тука има дупки со длабочина преку три метри, а во поплиткиот дел можат да наидат на колци и сидра од бродовите.
Екипите на Црвениот Крст од Охрид за време на големиот верски празник Богојавление – Водици, ќе бидат присутни и на копно и во вода. При крај се подготовките за празникот и фрлањето на светиот крст во водите на Охридското езеро. Утре 19 јануари уште од 7 часот изутрина, 8 тима на спасители на вода , нуркачи и активисти на Црвениот Крст, медицински екипи за укажување на прва помош на седум пунктови, ќе бидат на готовс од моментот на фрлање на крстот па се додека не излезе и последниот скокач. Претседателот Сашо Точков укажа на што треба годинава скокачите по светиот крст да обратат најмногу внимание.
„ Треба да се внимава на жолтите површини со жолта ограда и стази. Тука се наоѓаат поголеми влабнатини дупки кои достигнуваат дури преку 3 метри длабина, значи треба да се внимава дна не влегуваат тука да ги избегнуваат тие простори и да влегуваат само на делот кој што е обележан“.
Точков со препораки до сите скокачи по крстот во водите на Охридското Езеро како да го заштитат своето здравје.
„Строго забрануваме и апелирме да не се користи алкохол на оние кои што сакаат да влезат во водата. Темепературата на водата е 11 степени, воздухот ќе биде исто така 11 – 12 степени значи нема некоја разлика на температурата што е поволно и добреа вест за оние кои што ќе влегуваат во водите, ги молам сите да бидат претпазливи, секако да се забавуваат и веселат да го направат адетотот и честа но да бидат претпазливи и да внимаваат на своето здравје“.
Се препорачува капачите да извршат преглед пред влегување во езерските води, велат од Црвениот крст. Уште од вечерва на платото помеѓу Охридска капетанија и ресторанот Чун, поставен е пункт на Црвениот крст каде од 19 до 23 часот ќе се вршат бесплатни прегледи.
{loadposition content9}