Препораки од Црвениот крст во врска со одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите
Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.
Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.
На 18.01.2020 (вторник) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 7 oC.
Традиционалната крводарителска акција „Водици 2022“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2022 (среда) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци.
За настанот на осветувањето на водата во Охридското езеро и скокање по крстот на Градското пристаниште во Охрид на 19.01.2022 (среда), Црвен крст Охрид ќе се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот со тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци во вода, нуркачки тимови, како и со медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило.
Црвен крст Охрид до сите оние кои ќе бидат дел од настанот за одбележување на празникот Богојавление- Водици на Градското пристаниште во Охрид упатува апел за почитување на следните препораки:
– Со оглед на ниската вода на езерото од околу 7.C и релативно ниските температури на воздухот кои се најавуваат од околу 4’C како и поради присуството на северен ветар, повикуваме на исклучително високо внимание , сериозност и претпазливост на оние кои ќе велгуваат во водите на езерото.
-Да не конзумираат алкохол пред влегување во вода туку топли безалкохолни напитоци
-Оние кои влегуваат во вода да не се задржуваат подолго од три минути
-Да носат обувки оние кои влегуваат во вода
-Да облекуваат сува и топла облека при излегувањето
-Сите кои ќе присуствуваат на настанот да носат повеќе слојна облека и да консумираат топли напитоци