Прераспределба на дел од општинската администрација во Косел
Прераспределба на дел од општинската администрација во Косел.
Општинскиот секретар Димитар Спасески оствари средба со неколкумина негови колеги кои порано ја остварувале функцијата секретар. На тој начин тој им одаде лично признани за нивната работа во општина Охрид, а како најмлад по години и стаж како секретар од средбата ќе ги примени нивните искуства и предизвици со кои тие се среќавале некогаш во нивната работа. Спасески одговори и на прашањето зошто дел од општинската админситарција се прераспределува во зградата на поранешната општина Косел.
„ Деновиве гледам натписи дека тоа се прави како казна и тенденциозно, што јас го демантирам. Општина Охрид согласно плановите само ја става во функција зградата во Косел. Граѓаните до нас бараа средби во Косел затоа што имаат финансиски потешкотии да доаѓаат до општинската администрација. Целта на сегашното префрлање е пракстично администрацијата да се доближи до граѓаните. Така граѓаните ќе остварат средби , полесно ќе се евидентираат и следат предметите и ќе ги оставаруваат нивните права.“
Секој последен петок во месецот секретарот најави негово лично присуство во просториите на зградата во Косел. На тој начин ќе остарува прим со граѓаните и директно тој и администрацијата ќе бидат достапни за нив.
{loadposition content9}