Skip to main content

Од Преспа до Галичица, сеното од Езерани се користи за храна за над 200 европски елени

Од срцето на Преспа до дивиот свет на Галичица. Како Езерани продолжува да го поддржува животот и надвор од своите граници.
 |  инфодеск  | 

Во Паркот на природата Езерани деновиве ренџерите, заедно со Македонското еколошко друштво, спроведуваат редовно косење на влажните ливади, една од најважните активности за зачувување на ова вредно природно подрачје.

Со косењето се намалува ризикот од пожари, се спречува обраснување на ливадите со грмушки и несоодветна вегетација, а истовремено се создаваат подобри услови за гнездење, исхрана и засолниште на бројни птици, жаби, пеперутки и други животински видови.

Сепак, приказната не завршува во Езерани. Собраното сено добива нова намена, дел од него се транспортира до Репродуктивниот центар за европскиот елен во Националниот парк Галичица, каде што ќе служи како храна за повеќе од 200 европски елени.

Така, грижата за природата во срцето на Преспа продолжува и надвор од нејзините граници, покажувајќи дека со правилно управување секој природен ресурс може да придонесе за зачувување на биодиверзитетот.

Европски елени