6 милиони швајцарски франци за заштита на Преспанското езеро
Општина Ресен за заштита на Преспанското Езеро доби 6 милиони швајцарски франци.
Заслужни за оваа финансиска инјекција за Ресен се Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП за нивната континуирана техничка и стручна помош како во изработка, така и во спроведување на овие проекти, и се разбира огромната помош од министерството за животна средина и просторно планирање на Р Македонија.
Денеска во Ресен, претставници на овие овие институции потпишаа два многу значајни документи и тоа Меморандум на соработка помеѓу општина Ресен и донаторот – швајцарската агенција за обнова и развој, документ кој го потпишаа Швајцарскиот амбасадор во Земјава, Стефано Лазароти и градоначалникот на Ресен Михаил Волкановски. Проектниот документ пак го потпишаа преставникот на УНДП и првиот човек на Општина Ресен. Во него се дефинирани моделите на соработка помеѓу овие два партнери како најзасегнати или најодговорни за успешноста на проектот во наредните шест години.
„Очекуваме овој проект на голема врата во Преспа да ги воведе агроеколошките мерки во производството на јаболка, кои всушност подразбираат многу поодговорно производство кое во предвид го зема капацитетот на средината да ги амортизира влијанијата“, вели градоначалник на општина Ресен, Михаил Волкановски.
Швајцарија одговори позитивно на барањата на Општина Ресен и одлучи да го подржи спроведувањето на серија мерки кои што ќе продонесат за подобрување на квалитетот на езерото. Амбасадорот на Швајцарија во земјава вели дека тие ќе помогнат и за подршката на општинската администрација во градењето на капацитетите во управување со водите. „Швајцарија продолжува да го подржува ова подрачје кое изобилува со бесценети природни ресурси “, вели Швајцарскиот амбасадор.
„Воспоставени се серија мерки кои што ќе овозможат да се постигне добар квалитет на водата во езерото што е во согласност со Европската рамковна директива за води. Се подразбира дека овие мерки доаѓаат со одредена цена и бараат од властите да ги вклучат сите расположливи капацитети вклучувајќи ги и човечките ресурси“, вели Стефано Лазароти, Амбасадор на Швајцарија во Р Македонија.
„Ние сме во можност да го правиме ова благодарение на великодушната подршка од инструментот за животна средина и од швајцарската агенција за развој и соработка“, вели постојаниот преставник на УНДП во земјава, Диадра Бојд.
„Проектот ќе донесе многу продобивки за животната средина и за луѓето. Со тоа што ќе се намалат притисоците од загадувањето врз еко системот, проектот значително ќе продонесе за добросостојбата и з аотпорноста на езерото. Стотици земјоделци ќе научат нови начини и техники на наводнување на земјиштето како и начини за ослободување од земјоделскиот отпад“, вели постојан преставник на УНДП, Диадра Бојд.
И државен секретар во Министсерството за животна средина, Соња Лепиткова задоволна што Преспа конечно ќе реши голем проблем. Таа е повеќе од сигурна дена ефектите од проектот нема да бидаОпштина Ресен за заштита на Преспанското Езеро доби 6 милиони швајцарски франци.
т видливи веднаш, туку постепено но тајно.
„Проектот ќе преставува огромна подршка во спроведување на првиот план за сливот н апреспанското езеро кој во текот на изминатите месеци се изработуваше преку учество на сите релевнтни институции и останати засегнати страни“, вели Соња Лепиткова, државен секретар во Министсерството за животна средина.
Ефектите од Проектот за Заштита на преспанското Езеро повеќе од сигурно ќе ги почувствуваме и ние.
„Се што се случува на Преспанското Езеро, не останува само во Преспа, туку е директно врзано и со Охридското Езеро и затоа што тоа е едн слив и еден дел од целокупниот басен од реката Дрим. Ако се додаде и фактот дека наскоро ќе биде потпишан и договор и декларација за воспоставување на Охрид и Преспа за биосверен резерват, тогаш овој проект што се случува Преспанска страна секако дека ќе има позитивно влијание врз развојот на Охрид и Преспа и заштитата и нормално туристичката валоризација на просторот“, вели преставникот на билатералниот секретаријат за заштита на Охридско Езеро, Дејан Паноски.
Новиот проект за заштита на преспанското Езеро ќе ја издигне Преспа во Светски рамки како многу успешен модел на соработка на повеќе нивоа. Овој проект пред општина Ресен поставува многу амбициозни цели, кои ќе треба да се реализираат дел по дел во наредните шест години.
{loadposition content9}