Skip to main content

Преставени кандидатите од советничката листа на Вмро Дпмне и Коалицијата

Лекари, професори, научни работници, бизнисмени се кандидатите од советничката листа на Вмро Дпмне и Коалицијата „За подобра Македонија“

 |  Валентина Неловска  | 
kandidati sovetnicka lista
kandidati za sovetnicka lista

Лекари, професори, научни работници, бизнисмени се кандидатите од советничката листа на Вмро Дпмне и Коалицијата.  Носителот на советничката листа д-р Јованка Точко  ги престави и останатите кандидати како чесни, одговорни и докажани луѓе во својата професија. На денешното преставување д-р Точко потенцираше дека тоа се вистинските луѓе кои во идниот состав на  Локалната самоуправа ќе ги решаваат проблемите на Охрид и охриѓани.  

„ Кандидатите за советници на листата се различни по возраст, но со иста цел, да одговорат на целокупната  проблематика со која се занимава советот на општина Охрид во периодот по 24 март. Како носител на листа на совет може да ветам дека во новиот Совет нашето мнозинство нема со ништо да наликува на досегашниот совет“.
d-r Tocko
Советникот и сегашен кандидат на советничката листа на Вмро Дпмне и коалицијата, Дејан Паноски, критички се осврна на работењето на досегашниот состав на Советот. Сакам да потсетам дека мнозинството на СДСМ во овие четири години управуваше со досега најслабиот совет по донесени одлуки и спроведени заклучоци, напомена Паноски. Како што рече меѓу другото ниту една одлука и проект не биле донесени во интерес на градот.

„ Ние во досегашниот совет бевме опозиција, конструктивна и критичка кон огромните грешки на Локалната самоуправа, опозиција која даваше често свои идеи. Чест беше да се биде противник на одлуки со кои се нарушува иднината на Охрид. Ние имавме цел борба за јавниот интерес и заштита на Охрид и охриѓани од погрешните одлуки на оваа Локална самоуправа“.
Паноски порача дека тие сега како кандидати за новиот совет се гарант дека борбата за воскреснување на Охрид ќе продолжи континиуирано како донесувачи на правилни одлуки.


Покрај носителот на советничката листа Точко и досегашниот советник Паноски, беа преставени и останатите 21 кандидат. Меѓу нив се имињата на Сашо Донев, Климе Шешо, Илче Арнаудовски, д-р Гордана Коњаноска, Љубомир Чаулев, Јадранка Здравеска, Иљат Ибраими, Ангел Јанев, д-р Славица Петровска, Коста Трифуноски, Јованка Секулоска, Тони Коталески, Весна Јованоска, Цветко Андреески, Гоце Јованоски, Сашо Георгиески, Гоца Спироска, Никола Тренески, Никола Милески, Јованка Настоска и Ристе Јанески.

{loadposition content9}