Претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места особено на северозападот од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови и ќе продолжат со помал интензитет и преку ноќта. На планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, информираат од УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела и во деновите потоа наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 km/h).
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 7 степени Целзиусови.