УХМР
Претежно облачно време со врнежи од дожд
Максималната температура ќе се искачи до 19. степени.
Во Охрид денес претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 19. степени.
– Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме, информираат од УХМР.
фото: Ѓоко Симјаноски


