Skip to main content

УХМР

Претежно сончево со умерена облачност времето денеска во Охрид

Минималната температура до 10 степени, максималната ќе се искачи до 22 степени.
 |  инфодеск  | 
охрид фото: Ѓоко Симјаноски

Во Македонија денес претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со изолирана појава на град.

Во Охрид претежно сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд. Минималната температура до 10 степени, максималната ќе се искачи до 22 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.