Skip to main content

УХМР

Претпладне сончево попладне со услови за дожд

Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна до 29-тиот степен.
 |  инфодеск  | 
hdr

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8

Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне развој на нестабилно време со услови за краткотраен дожд. Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна до 29-тиот степен.

Во среда на повеќе места во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на локално невреме. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе услови намалување на дневната температура.