hdr
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Во Охрид претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура до 16, а максималната дневна до 28 степени.