Skip to main content

УХМР

Претпладне сончево и топло, попладне дожд

Температурата во пораст, утринската до 10 степени , а максималната дневна ќе се искачи до 22 степени.
 |  инфодеск  | 
Охрид, Св Софија, фото: Ѓоко Симјаноски

Денеска во Македонија, претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.

Во Охрид претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во пораст, утринската до 10 степени , а максималната дневна ќе се искачи до 22 степени.

И во следните денови, во Македонија, ќе се задржи променливо облачно и топло време, во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме кога поројниот дожд ќе биде проследен со силен ветер и појава на град.