Претрес во Охрид, пронајдена дрога, лишени од слобода тројца прилепчани

Тројца жители на Прилеп, на возраст од 30, 32 и 33 години, се лишени од слобода во Охрид, откако кај еден од нив, а подоцна и при претрес во станот што го користеле, биле пронајдени дрога и други предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според соопштението од СВР Охрид, на 26 јули околу 01:20 часот, за време на одржување на концерт во спортскиот центар „Билјанини Извори“, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го привеле 30-годишникот, кај кого биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
Подоцна, по наредба од суд, бил извршен претрес во станот што го користел заедно со уште двајцата прилепчани. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе таблети, грендери со остатоци од марихуана, стаклен предмет со печурки, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тројцата се задржани во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.







