Пронајдени две пушки и 158 куршуми при претрес во Годивје
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид.

На 14 октомври 2026 година, полициски службеници од СВР Охрид, со судска наредба, извршиле претрес во домот на 64-годишен скопјанец со престој во селото Годивје, општина Дебрца.
При претресот биле пронајдени и одземени две пушки и 158 куршуми, кои според полицијата, лицето нелегално ги поседувало.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид.



