Skip to main content

свр охрид

При претрес во автокамп пронајдена дрога кај девет лица од Скопје

Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид на полнолетните лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
 |  инфодеск  | 

На 22.07.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода три лица на возраст од 18 години, четири лица на возраст од 19, 20, 23 и 28 години и двајца малолетници, сите од Скопје. При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.