Skip to main content

Претрес во фабрика за марихуана во Оровник

Ора њуз наведува дека македонската полиција открила 3.000 садници марихуана, 100 литри масло од канабис и 600 килограми сува марихуана.
 |  инфодеск  | 
Марихуана

Зетот на градоначалникот на албанскиот град Подградец одгледувал марихуана во селото Оровник-Охрид, јави Ора њуз телевизија.

Медиумот додава дека македонската полиција открила 3.000 садници марихуана, 100 литри масло од канабис и 600 килограми сува марихуана.

Фабриката за марихуана била регистрирана како подружница на фирмата „Гринего 2018“ од струшкото село Дрслајца, но немала дозвола за производство на марихуана – наведува телевизијата.

Според истиот извор, во акцијата биле уапсени десет лица, меѓу кои и зетот на градоначалникот на Поградец, Илир Џаколи, за кој се вели дека бил „сопственик во сенка на оваа фабрика“.

Илир Мета

Во кусиот телефонски разговор Џаколи рекол дека зетот е на одмор во Турција и негирал каква било поврзаност на неговиот зет во ова нелегална активност.