Skip to main content

Приведен 36 годишен охриѓанец

Претрес во Охрид, пронајдени оружје и муниција

Приведен 36-годишен охриѓанец кај кого полицијата пронајде пиштол, ловечка пушка, куршуми и една рачна граната.
 |  инфодеск  | 
Пиштол - илустрација

На 08.02.2023 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Т.(36) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Sigsauer“ калибар 9 милиметри со рамка од осум куршуми, 454 куршуми за пиштол од различен калибар, ловечка пушка „Simson Suhl“, 21 куршум за ловечка пушка и една рачна граната.

Пушка

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Куршуми
Куршуми