Претседателката Силјановска-Давкова во посета на Центарот за обука на вода во Охрид
Посакувам во сите области, во владеењето на правото, во развојот на демократијата, во независното судство, во образованието да се достигнат стандардите што ги поседуваат специјалните единици на Армијата. Ова го истакна Претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова откако ги согледа способностите на припадниците на најелитната армиска единица, Баталјонот на специјални сили, презентирани преку показни вежби за операции на вода и приказ на боречки вештини.
„Ова беше како акционен филм на суперлуѓе. Сега ми е јасно зошто нашата армија ја ужива највисоката доверба од граѓаните. Сум знаела дека нашето учество во бројни мисии е заслужено, знам колку награди добиле овие луѓе, но еве сега на лице место видов што се можат да направат. Уште еднаш, зборови на немерлива почит, горда сум што сум врховна командантка на овие луѓе, на нашите вооружени сили, посакувам да нема потреба да бидат употребени, но знам дека оваа земја треба да се чувствува безбедно, рече претседателката. “ – изјави претседателката Сиљановска Давкова.
По пречекот со воени почести во Кампот за обука на вода на АРМ во Охрид, претседателката Сиљановска Давкова во придружба на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски беше брифирана за капацитетите Баталјонот на специјални сили. Началникот на Генералштабот, изрази задоволство што претседателката на државата и врховниот комендант на оружените сили високо ја оцени нивната подготвеност посочувајќи дека за сите припадници на АРМ тоа ќе биде дополнителна мотивација и обврска и во иднина.
„ За нас е тоа дополнителна мотивација и обврска да продолжиме на вистинскиот пат. Граѓаните соодветно не респектираат како најпочитувана институција во општеството што за нас претставува голема гордост и обврска да продолжиме во тој правец.“ – истакна Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски – Началник на ГШ на АРМ.
Претседателката и Началникот на Генералштабот на Армијата, на новинарско прашање, ги изнесоа своите ставови за враќање на обрската за задолжително служење на воен рок.
„Да, мислам дека треба да се размислува, мислам дека има луѓе кои би сакале да служат воена обврска доброволно, зошто тоа да не го овозможиме. Мислам дека тогаш и односот кон Армијата ќе биде уште попозитивен. Треба да се отвори темата, дасе разговара, да се слушнат аргументите, можеби да се тестира расположението кај луѓето и во таа насока да постапиме.“ – кажа Сиљановска Давкова.
„Претседателката кажа дека може да се отвори процес на дискусија на експерска основа за доброволниот принцип кој веќе го имавме но е драстично опаднат во однос на интересот на граѓаните. Меѓутоа сметам дека нема потреба во моментов да се избрзува за задолжително служење на воен рок. Времето ќе покаже, но ние не би требало да ги следиме, нема апсолутно никакви опасности и ризици по националната безбедност за да брзаме да носиме одлуки како некои земји членки на НАТО и надвор од алијансата.“ – кажа Генерал-потполковник Ѓурчиновски.
Денеска на потегот околу плажата „Бафало бич“ во Охрид, припадници на Баталјонот за специјални сили на Армијата на Република Македонија (АРМ) денеска реализираа тактичко-техничка показна вежба – препад на пловен објект и командно место, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Во вежбата беше вклучен и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на АРМ.