Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се сретнаа со туристичките работници
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски денес се сретнаа со туристичките работници. Зголемениот криминал, застојот во градежните активности на автопатот кон Кичево, според Мицкоски се основната кочница во развојот на туризмот во Охрид.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски денес се сретнаа со туристичките работници. Како што кажа Мицкоски целта на средбата била да се поразговара со нив за се она што во минатото било успешен проект, а и да се чујат предлози што во иднина би ја зголемиле и подобриле туристичката понуда на Охрид.
Што можеме ние како идна локална властТука во Охрид да понудиме ново што ќе додаде вредност во процесот на привлекување туристи, зголемување на квалитетниот туризам во градот, но и во земјата во целост. Ќе разговараме и за сето она што можеме да го добиеме како идеја за развивање на другите туристички центри во Република Македонија, рече Мицкоски.
Зголемениот криминал, застојот во градежните активности на автопатот кон Кичево, според Мицкоски се основната кочница во развојот на туризмот во Охрид.
Мора да видиме како после победата на предвремените парламентарни избори и формирање на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, да се забрза тој процес на интензивирање на протокот на туристи во градот. Очекувам квалитетна конструктивна средба, со нови идеи и сугестии како би можеле како идна локална и централна власт да помогнеме во тој процес, истакна Мицкоски.
Кандидатот за градоначалник Милошевски најави дека во неговата предизборна програма врвен приоритет ќе биде туризмот и стратегијата за негов развој.