Skip to main content

Претседателски избори 2024

Претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски денес беше меѓу охриѓани

По Вевчани и Струга, карванот на Движењето ЗНАМ денес на непосредни средби со охриѓани. Кандидатот за претседател Максим Димитриевски рече граѓаните бараат нови алтернативи, црно-белиот свет треба да добие и поинакви бои.
 |  инфодеск  | 

Карванот на Движењето  ЗНАМ денес на непосредни средби со граѓаните на Охрид.  Кандидатот за претседател Максим Димитриевски рече граѓаните бараат нови алтернативи, црно-белиот свет треба да добие и поинакви бои. Граѓаните се жалат на владеењето на правото, неказнивост, недостаток на уреден систем за институционално решавање на проблемите, селективна правда и лошата финансиско социјалната состојба, рече Димитриевски.

“ Проблемите насекаде се исти во Македонија. Во рамки на нашата програма и мојата програма како претседателски кандидат има голем број решенија кои што ги нудиме и ќе ги реализираме нема да останат само зборови на хартија. Едно од најбитните е дека Македонија ќе добие претседател од граѓаните кој што нема да биде во функција на политичките субјекти, туку првенствено ќе ги штити граѓанските интереси. Со тоа што никогаш нема да дозволам од таа позиција да потпишам закон или било каков друг акт кој што е спротивен на волјата на граѓаните и секогаш истито ќе добие Вето и ќе биде вратен на повторно разгледување“, истакна Максим Димитриевски кандидат за претседател на државата од Движењето ЗНАМ.

Недозволиво е како народ и држава да бидеме негирани, ние постоиме во континуитет и како нација  со свој јазик, сопствена историја, култура и тоа е одраз на заложбите на нашите предци, истакна кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на отворањето на штабот вчера во Струга.

Следната политичка елита треба сериозно да се посвети на преговарачката рамка и со ЕУ и решавање на билатералното прашање на релација Скопје Софија, порача Димитриевски.

„ Согласно мојата предизборна програма ќе работам на концептот да се формира едно независно тело од стручни експерти од ЕУ кои што покрај тоа што треба да се посветат на работење и аначиза на сите пресуди од Стразбур против Р Бугарија за обесправеноста на македонските организации таму, потпомогнати со наши домашни експерти да поработат и на времената рамка која што е во сила во моемнтоти нејзина адаптација на општо прифатливите условиво Македонија“, вели Максим Димитриевски

Македонија мора да продолжи по патот на европските интеграции, но не по секоја цена, во ЕУ треба да влеземе со крената глава, рече Димитриевски, кој вети  доколку ја добие поддршката од граѓаните ќе понуди на сите политички партии да потпишат Национална платформа за чување на македонските национални интереси. 

Верувам дека граѓаните ќе го препознаат концептот на Движењето ЗНАМ, рече Димитриевски, кој додаде дека со дадената  поддршка, конечно граѓаните ќе добијат претседател на државата од своите редови, човек кој е од самите граѓании  не должи никому,  на ниту  еден политички субјект.

Новинар Соња Рилковска