На 9-ти јуни, во четврток, со почеток во 20 часот, Народен театар Охрид ќе ја одигра претставата „Енергични Луѓе” – според Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Играат: Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.