Skip to main content

Нуцк Григор Прличев

Претставата Сопружници пред охридската публика

Претставата “Сопружници” – Вуди Ален, режија Драгана Таневска, на репертоарот на НУЦК „Григор Прличев“ во четврток со почеток во 20 часот.
 |  инфодеск  | 
Театарска претстава сопружници

Во четврток со почеток во 20 часот, пред охридската публика повторно ќе се одигра театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.

Театарска претстава сопружници

Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.

„Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели режисерката Таневска.

Театарска претстава сопружници

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Согласно здравствените протоколи за заштита од COVID-19 претставата ќе се одигра пред ограничен број публика.