Во петок со почеток во 20 часот во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна преставата „Сопружници“ – Вуди Ален, режија Драгана Таневска.
Играат : Ивица Цонев, Eлизабета Стефановска, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.
„Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели Драгана Таневска.
Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.