Епското дело „Војна и мир“ на Лав Толстој, во режија на Борис Лијешевиќ и во изведба на Народен театар Белград Србија, вечерва на програмата на Охридско лето. Фестивалот покрај исклучително квалитетната музичка програма, нуди врвни театарски креации.
„А денешната претстава ќе го потврди квалитетот кој годинава го има драмската програма која е одлично прифатена од целата публика. Токму претставата Војна и мир е една од напривлечните на театарот со што можам да кажам дека гледалиштето на отворента сцена на Долни сарај ќе биде исполнета до последно седиште.“,кажа на денешната прес-конференција, директорката Наташа Поповиќ.
Ова книжевно дело е комплексно и многуслојно во својата наративна структура во психологијата на ликовите и значењето на дејствијата.
„Насловот на ова дело асоцира на политичка состојба и историски настан од друга страна може да значи за една состојба на човековиот ум односно постојаната војна со човечките страсти и желби, духовни конфлити како и вечната потрага по мирот во самите нас.“, потенцира селекторката на драмската програма, Сања Арсовска.
Голем роман кој е тешко да се сведе на една експликација, тешко е да се сведе на неколку реченици, да се каже што е најважно, притоа првичната верзија од 350 се сведе на сегашните 70 страници текст.
„Процесот на подготовка на претставата траеше два месеци, во суштина за овој материјал требаше да трае и подолго, но го одлагав заради проблеми со Ковид, а потоа си помислив дека мора веднаш да почнам или да се откажам, затоа што делуваше невозможно Војна и мир да се подготви за два месеци, но покрај себе ја имав Молина која беше моја голема поддршка.“вели режисерот Борис Лијешевиќ.
Драмскиот директор на Народен театар Белград, Молина Удовички, кажа дека по една деценија повторно се враќа на „Охридско лето“ со проект кој според неа е едно од најголемите дела поставени на нивниот драмски репертоар. Драгоцена претстава во однос на целокупниот резултат проткаен со храбра поделба на улогите затоа што многу од глумците за прв пат добиваат голема улога надополнет со ветераните на театарско глумиште како што е колегата Кривокапич.
„Морам да кажам дека за оваа претстрава беа потребни храброст и срце. Дел од глумечкиот Ансамбл се луѓе кои се спремни да дадат срце на дланка за сцената и претставата, а тоа се чувствува во претставтата. Тоа е љубовта која што е суштина на филозофијата на Толстој.“, смета Удовички.
После десетина години Фестивалот го обновува театарското пријателство со Народниот театар од Белград со изведба на ова монументално дело во времетраење од 3 часа на отворената сцена Долни сарај со почеток во 21.00 часот.