Skip to main content

Општина охрид

Претставени пливачите на Охридскиот маратон

Вчеравечер со пригодна свеченост беа претставени пливачите кои ќе учествуваат на Охридскиот пливачки маратон.
 |  инфодеск  | 
Пливачи

На пригодна свеченост вчеравечер пред охриѓани и гостите беа претставени пливачите кои ќе учествуваат на 35-тото издание на Охридскиот пливачки маратон.

Во машка категорија ќе се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, од Словенија доаѓа Арне Фурлан Штулар, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единствената девојка на годинешниот маратон ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

Пливачи

Охрид и охриѓани знаат и умеат да ги почитуваат и одржуваат традициите и покрај сите искушенија, кој и покрај сите потешкотии со кои се соочуваше, ќе се одржи в сабота. Охридскиот пливачки маратон не би опстоил сите овие години доколку тука не биле плејада заслужни охриѓани кои го поддржувале, афирмирале и помагале. А наша задача како млади генерации е да го почитуваме нивното дело. За таа цел Општина Охрид додели благодарници за маратонците, кои дале придонес во организацијата на Охридскиот пливачки маратон, Дики Бојаџи, Ристе Савин и Насте Јончески. Постхумно благодарници беа доделени и на Климе Савин, Леко Радиќ, Славе Филев, Нико Нестор и Атина Бојаџи – напиша градоначалникот Кирил Пецаков, на официјалниот фејсбук профил.

Во рамки на вчерашната манифестација беа промовирани фотографии од првиот пливачки маратон организирана од Историскиот архив, како и документарниот филм „Охридски пливачки легенди“.

Пливачи