Денеска претставници на Државниот инспекторат за животна средина одржаа работен состанок со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Од ДИЖС на состанокот присуствуваа директорот м-р Сретен Стојковски, Државниот инспектор за животна средина, Канцеларија Охрид Игор Трајкоски, Главниот инспектор за природа Пејо Кировски и Генералниот Инспектор за животна средина.
„Теми за разговор беа инспекцискиот надзор во животната средина во индустриски објекти, управување со отпад, отпадни води, заштита на природата, спроведување на законските одредби од регулативата за животна средина и новиот Закон за инспекциски надзор во животната средина, соработка и координација на инспекциските надзори.“ – информираа од ДИЖС.