Работна средба
Претставник на УСАИД во посета на Општина Дебрца
На работната средба се разгледуваа можности за зајакнување на капацитетите на општината за проширување на соработката со приватниот сектор, можностите за инвестирање на територија на општина Дебрца.
Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески и преставници на општинската администрација остварија работна средба со преставник од УСАИД во врска со проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка помеѓу општините и приватниот сектор.
На работната средба се разгледуваа можности за зајакнување на капацитетите на општината за проширување на соработката со приватниот сектор, можностите за инвестирање на територија на општина Дебрца, како и разгледување на можноста за формирање на локален економски совет и надоградување на стратешкиот план за интегриран локален економски развој.


