Превенција од виктимизација кај млади во Охрид
Туркање под тепих, шепотење место јавно зборување за проблемите но и слабата понуда на институционални програми за справување со различни облици на врсничко насилство кај младите лица на територија на Општина Охрид, биле поттик за спроведување на проектот Апликативни методи за превенција од виктимизација кај млади од Здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи ЖРТВА Охрид, во соработка со Институтот за традиционални вредности – Здружение за култура и соживот со природата од Охрид, вели Крсте Пурцов заменик коориданатор на проектот. Анонимните пред-истражувањата кои ги спровеле отсликале непримерно однесување и дискриминација помеѓу врсниците, потенцира Пурцов.
„Имавме примери на дискриминација, расизам на некој начин од едни ученици на други заради етничката припадност. Исто така имавме на пример случаеви каде што преку анонимни анкети увидовме дека некои деца заради сексуална ориентираност биле таргет на сајбер булинг само заради тоа што се различни од другите.“, истакна Крсте Пурцов.
Подобрено ниво на информираност и едуцираност за превенција од различни облици на насилство кај млади лица на возраст од 15 до 18 години се главните цели на овој проект.
Биле спроведени повеќе активности за соодветната возраст,како што се работилници, вежби и игри, а како што посочува Пурцов најголем бил впечатокот при изведување на експерименталните работилници.
„Се вклчи преземање на мерки и активности за спречување или намалување на можноста младите да бидат жртви, најпрво се пристапи со определени теоретски работилници, експериментални работилници низ призма на интеракција и спортски и етно активности кои што беа изведувани на терен. Можам да кажам дека низ експерименталните работилници децата се ставаа во позиција сами да одлучат дали би помогнале дали би се оттргнале од самиот факт на случај на врсничко насилство во моментот беа ставени во улога на жртва и во улога на лица кои вршат насилство за да се видат од обете страни како таа интеракција би изгледала.“, потенцира Пурцов.
Прокетот бил спроведуван помешу средношколците од ЕМУЦ „Св Наум Охридски Охрид“. Преку добиените знаења информации и искуства освен што ќе ги подигнат нивото на информираност и едуцираност на овие младите, искуства ќе останат во нивната меморија ќе влијаат во голема мера за сопствена превенција но и пренесување на искуствата на останатите соученици и по завршувањето на овие активности, смета Пурцов. Во месец Декември Ќе биде изготвен и прирачник во кој ќе бидат сумирани резултатите и заклучоците од спроведените активности.
Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Делегацијата на ЕУ во Скопје, а ја спроведува УНДП.