Превенција за здрав бубрег
Бубрежното заболување треба навремено да се дијагностицира и лекува, а превенцијата е најважна за здрави бубрези, велат нефролозите. Денес кога светот го одбележува денот на бубрегот докторите порачуваат чаша вода за здрав бубрег.
Бубрежната калкулоза или народно кажано камен во бубрег, не е ретка појава во охридско – струшкиот регион. Таа претставува метаболичко заболување и генетската предиспонираност се смета дека е 12%, вели Д-р Крсте Стојаноски, уролог при општа болница Охрид. Тој смета дека превенцијата е најдобар лек за здрав бубрег. Додава дека секој човек превентивно еднаш годишно треба да направи лабараториски преглед, заради рано откривање на бубрежните заболувања.
„Сите ендемски подрачја се претпоставува дека има нешто што пациентот прима редовно, и исто е фактор за тоа што охридско – стурушкиот регион се смета дека водата е таа кое што го прави ова да е ендемско подрачје. Инаку пациентите кога добиваат болки доаѓаат на лекар, меѓутоа ако немаат болки тие скоро не им паѓа на памет да направат еден превентивен преглед или ултразвук како сето тоа навреме го откриле“ – вели д-р Стојаноски.
Инвазивните методи за отстранување на камен на бубрег по пат на операција денес се многу ретки вели д-р Стојаноски. Додава, дека само во одредени случаи кога не може да се постигне саканиот метод со конзервативни методи се оди на хируршки зафат.
„Постојат ендоскопски методи со кој ги кршиме камењата и се вадат и од каналите и од бубрегот и од мочниот меур. Постојат и екстра корпорална литотрипсија со апарат кој што однадвор ги крши, меѓутоа ваков апарат во охрдско – струшкиот регион сеуште го нема најблиско место е во Клиничка болница во Битола и Скопје“ – изјави д-р Стојаноски.
Чаша вода за здрави бубрези. Ова е годинешната порака на нефролозите на Светскито ден на бубрезите 12 ти март. Ова го препорача и д-р Стојаноски. Клучни прашања и предизвици во справувањето со хроничните болести на бубрезите се лошата хигиена на водата, недостаток на хидратација, нездрав избор на храна и пијалоци, нивото на образование и писменост, ниски приходи, невработеност, недостаток на соодветно здравствено осигурување, како и културно специфични здравствени верувања и практики.Хроничната бубрежна болест е пандемија на 21 век а Македонија е дел од овој тренд со 14% од населението со бубрежни проблеми.
{loadposition content9}