Skip to main content

Превенирај го хепатитот – од тебе зависи

Утре се одбележува 28 јули Светскиот ден за борба против хепатитис.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

Во рамките на здравствено-превентивната дејност Црвен крст Охрид во партнерство со здружението Опција-Охрид и Центар за јавно здравје Охрид, секоја година со низа активности го Утре се одбележува 28 јули Светскиот ден за борба против хепатитис.

Оваа година, под мотото ПРЕВЕНИРАЈ ГО ХЕПАТИТОТ-ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ!,  предвидена е реализација на активности и настани кои ќе се реализираат во Охрид и Струга. и тоа:

logo1. вршење на бесплатни, анонимни тестирања за хепатитис кои ќе се реализират во специјално возило од страна на обучени лица од Црвен крст Охрид, Опција-Охрид и Центар за јавно здравје Охрид на 28 јули 2015, од 16-18 ч. во Струга и истиот ден од 19-21 ч. во Охрид.

2. јавна промоција на Светскиот ден за борба против хепатитис  и делење на едукативни материјали и совети за превенција, заштита и лечење од хепатитис од страна на стручни лица во оваа област. Промоцијата ќе се реализира на 28 јули 2015 на струшката чаршија (кај х. Београд) од 16-18 ч. и истиот ден на плоштад „Крушевска Република“(Чинар) во Охрид од 19-21 ч.

Овогодинешните активности се поддржани и помогнати од ПЗУ Биомед Лаб.