Превентивата е најдобар лек за остеопорозата
По повод светскиот ден на борба против остеопорозата 20 Октомври, Црвен крст Охрид организира предавање на тема ОСТЕОПОРОЗАТА – Превентивата е најдобар лек, кое ќе го одржи Др. Кристина Стојаноска Алоска, стоматолог.

Според дефиницијата на Светската здравствена организација, остеопорозата е системско метаболно, ендокринолошко заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и подложност на скршеници кои носат несогледливи последици за здравјето и висок морталитет. Главната причина за појава на оваа болест кај жените е намалувањето на нивото на естрогените хормони, односно тестостеронот кај мажите. Според статистиката во Македонија, секоја трета жена и секој петти маж имаат остеопороза.
Освен за остеопорозата како заболување, на ова предавање ќе се говори и за значењето на витамините и минералите врз здравјето, ќе бидат назначени совети како до поздрави коски како и за третманот односно превенцијата од ова заболување, а акцент ќе се стави и на проблемите кои се јавуваат во устата како последица од ова заболување.
Предавањето ќе се одржи во вторник, 20 Октомври 2015, во 18 часот во просториите на Црвен крст Охрид.