Превентивна дезинфекција на апартмани и соби за издавање во пресрет на Велигденските празници и туристичката сезона
Во рамки на своите законски надлежности и јавни овластувања, а во пресрет на претстојните празници и летната туристичка сезона, Центар за јавно здравје Охрид ги потсетува и повикува сите даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор (станоиздавачи) во Охрид и Струга да се обратат до Одделението за Епидемиологија на Центар за јавно здравје Охрид со цел спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање на угостителски услуги согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.Весник на РМ бр. 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014 и 150/2015).
„Центар за јавно здравје Охрид подготви посебни, поволни пакети на услугите за дезинфекција, за станоиздавачите, а нашите мобилни екипи ќе бидат подготвени секој работен ден и сабота со потребната опрема и средства да одговорат на барањата и потребите на угостителите (станоиздавачите) за навремено и ефикасно спроведување на превентивната дезинфекција со цел намалување и избегнување на ризиците од појавата на заразни заболувања.“ – велат од Центар за јавно здравје.
За дополнителни информации и закажување на услугата (дезинфекција) станоиздавачите може да се обратат во просториите на Центар за јавно здравје Охрид, на e-mail zzz.ohrid@gmail.com или на телефоните 046 231030 и 070 723029.