Skip to main content

Стави појас

Превентивна кампања на СВР Охрид и РСБСП

Полициските службеници ќе поделат флаери, маици и друг и соодветен едукативен материјал со логото „Стави појас”.
 |  инфодеск  | 
Стави појас

„Стави појас” е новата превентивна кампања што ќе се реализира на целото подрачје на СВР Охрид.

Во рамки на кампањата, предвидено е на повеќе градски сообраќајници, на локалните, регионалните и магистралните патишта, да се постават сообраќајни пунктови каде ќе се врши контрола на возачите на моторни возила, но и укажување за неопходноста од користење заштитни појаси како основна мерка за подигнување на безбедноста за време на управување со моторно возило – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Притоа, полициските службеници ќе поделат флаери, маици и друг и соодветен едукативен материјал со логото „Стави појас”. Кампањата ја реализираат Отсекот за превенција при СВР Охрид и РСБСП.