СВР Охрид
Превентивни активности на СВР Охрид за побезбеден сообраќај
Во Охрид и Струга на возачите им беа делени корисни совети од страна на службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со РСБСП.
Денеска (03.01.2024) Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со РСБСП продолжи со превентивните активности во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, преку кампањите под мотото „Не вози кога пиеш алкохол“ и „Користи зимска опрема“.
Овие активности беа спроведени во Охрид и Струга, при што на возачите им беа делени корисни совети, а им беше укажано и на опасностите и последиците доколку возилото го управуваат под дејство на алкохол или доколку не поседуваат зимска опрема.


