Во четврток на 22-ри декември со почеток во 12 часот, Slow Food Ohrid во соработка со Факултетот за туризам од Охрид и на покана од Општина Охрид, организира презентација и дегустација на локална храна приготвена од членовите на здружението во холот на ФТУ.
Настанот ќе го отвори градоначалникот Пецаков, а Слоу Фуд ќе има кратка презентација за значењето на локалната храна. Потоа во холот ќе бидат презентирани сите локални производители со готвење во живо пред присутните – информираат од Слоу Фуд.
Оваа активност е дел од проектот „Купувај локално“ со кој се поддржуваат охридските локални производители да ги применат новите стандарди за промоција на своите производи со програмата за локален економски развој и со тоа да се доближат до купувачите и туристите.