Skip to main content

Касарна хаб

Презентација на проект на Уне Груаја во Охрид

Организацијата Уне, Груаја (Јас, жената) од Поградец, Албанија, својот проект ќе го претстави во Охрид, пред еколошки здруженија и еколози.
 |  инфодеск  | 
Проект еколози

Од Касарна Хаб ги информираат сите еколошки организации и екологисти дека на 19-ти октомври (среда) од 10:30-12:00 часот организацијата Уне, Груаја (Јас, жената) од Поградец, Албанија, во рамките на својот проект „Local & cross-border actors work together in the environmental protection of the Prespa – Ohrid region” (2022-2025) поддржан од ПОНТ ќе одржи презентација на својот проект и ќе ги прикаже начините за соработка.

Овој следен проект беше развиен во тесна консултација со главните чинители во албанскиот дел од регионот на Охридското Езеро, претставени од Локалните акциони групи, со седиште во Поградец, Албанија, како и локални невладини организации и во Албанија и Македонија.

Грантот се надоврзува на претходната поддршка на ПОНТ/ЦЕФП за воспоставување функционални и ефективни мрежи на засегнати страни во Албанија, особено во заштитениот предел Поградец и прекуграничниот регион Охридско Езеро.

Тие ќе обединат претставници на граѓански организации, локални институции и неформални групи за да го промовираат и олеснат и координираат нивното учество во управувањето со заштитените подрачја во регионот на Охридското Езеро.