Презентација на новиот систем за молекуларна дијагностика на Центарот за јавно здравје Охрид
Центар за јавно здравје Охрид од неодамна се опреми со најсовремена апаратура и воспостави целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика во кој се интегрирани екстракција на нуклеински киселини ДНК и РНК, PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.
„Со тоа на корисниците на нашите услуги му овозможуваме да добијат брзи и точни резултати за анализите: Скрининг на присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ скрининг), одредување на поединечни генотипови-генотипизација на 14 високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ), кои се застапени на Балканското подрачје, докажување на присуство на Chlamydia trachomatis во гинеколошки, цервикални брисеви кај трудници.“ – велат од ЦЈЗ Охрид.
Со цел ги направат поблиски можностите и капацитетите на Центарот до матичните гинеколози од Охрид и Струга, за поефикасен и навремен одговор за задоволување на потребите на пациентите, во соработка со компанијата Биотек денеска ќе се одржи презентација за новитетите во молекуларната дијагностика.
Презентацијата ќе се реализира во хотел “Village” во Охрид со почеток во 13:00 ч.