Skip to main content

Еразмус плус програма

Презентиран младински проект во Општина Охрид

Проектот „Млaди општествено одговорни маркетери“ денеска се одржа во Општина Охрид. Истиот е финансиран од Европската комисија во рамки на Еразмус плус програмата.
 |  инфодеск  | 
Младински проект

Во Општина Охрид се одржа презентација на проектот „Млaди општествено одговорни маркетери“. Проектот е поддржан и финансиран од Европската комисија во рамките на Еразмус плус програмата.

Во реализацијата на овој проект се вклучени претставници на универзитети, бизнис и НВО секторот од 5 држави: Австрија; Непал; Полска; Узбекистан и Македонија. Координатор на проектот е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ од Скопје.

Младински проект

Проектот е дел од глобалните активности на Обединетите нации и на Европската Унија за остварување на целите на одржливиот развој фокусирани на намалувањето на сиромаштијата, социјалната правда и одржливоста на животната средина, како голем морален и политички императив на денешницата.

Освен зголемувањетo на јавната свест, особено на младите, за имплементација на целите на одржливиот развој во државите, YouMAKE проектот претставува можност за промовирање на Охрид како туристичка дестинација.