При уредување на плажите да се почитуваат еколошките критериуми
На петте плажи да се почитуваат еколошките критериуми.
На охридското крајбрежје пет плажи во должина од околу километар и пол ќе добијат современ изглед. По 120 метри плажа ќе се уредува во Далјан, Извиднички, Лагадин, 500 метри во Љубаништа и 700 м од каналот Студенчишта до ресторанот Парк. Министерството за транспорт и врски ги одреди точните локации за нивно уредување. Од таму креираа јавна анкета на која граѓаните преку електронско гласање ќе учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за плажите. Од локалната самоуправа која располага со градежното земјиште дури по изборот на идејните решенија на заинтересираните ќе ја спроведуваат постапката што е во нивна надлежност. Во моментов немаат одговор што ќе се случува со трите објекти кои се веќе на плажата од Каналот до ресторанот Парк.
„Ние сме свесни дека на потегот има 3 концесионери. Договорот им истекува до 2017 година и ќе се чека по целата постапка да поминaт нивните договори, но да оставиме да биде избрано идејното решение и главните проекти ќе видиме што се случува како ќе се постапува со концесионерите на тој простор“, вели Џамтоски.
Проктот за уредување на плажите е во почетна фаза сметаат и експертите по екологија. Според нив сеуште е рано да се дискутира за запазување на еколошката страна како што е на пример потегот од каналот Студенчишта кон ресторанот Парк каде што в долж крајбрежјето се протега трска. Еколзоите , пак имаат свое гледиште за зачувување на еко системите.
Охридските еколози не се против уредувањето на петте плажи. Тие бараат почитување на минималните еколошки стандарди, очекуваат јавна дебата и почитување на експертските ставови околу издавањето на Б еколошката дозвола.
Од Локалната самоуправа со сличен став дека ќе се води сметка за еколошкиот аспект на петте плажи.
„ Во самиот конкурс на ресорното министерство се дадени услови за да се запази екосистемот на целиот простор. Ќе се користат автохтони материјали и претпоставувам дека се што ќе се однесува на заштитата на животната средина ќе биде за запазено во тие услови кои ќе се бараат од идните концесионери“, додава Џамтоски.
За современото уредување на плажите не е дадена временска рамка кога овој проект треба да биде завршен.
{loadposition content9}