Пригодна свеченост по повод Денот на младинските работни акции
Во понеделник, 1-ви април, во 12:00 часот во ОУ „Ванчо Николески“ во селото Лескоец, ќе се оддржи централната манифестација по повод Денот на младинските работни акции.
Во понеделник, 1-ви април, во 12:00 часот во ОУ „Ванчо Николески“ во селото Лескоец, ќе се оддржи централната манифестација по повод Денот на младинските работни акции.
– Денот е во спомен на едно време кога 90 км пруга се градеше за 6 месеци, 360 км автопат за 3 години, а 60.000 млади со крап, лопата, количка и љубов ги надминуваа сите реални норми. Активностите се дел од проектот „Охрид чист во еден здив“ на членовите на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид и несебичното учество на учениците на ОУ „Ванчо Николески“ под мотото „Гумата не горија, за украс обои ја“ и слоганите „Од гумата не прави чад, туку создади парк“, „Гумата може да краси, а не да гнаси“, „Една гума, едно растение“, „Стара гума, нов свет“ веќе дваесетина дена создаваат свои креации кои воодушевуваат, информираат од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид.