Пријава против охриѓанец кој без соодветно одобрение е затекнат во угостителски објект
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишен охриѓанец поради „непостапување според здравствените прописи за време на пандемија“.
| | Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

При контрола извршена на 10.05.2021 година во 01.45 часот, полициските службеници го затекнале пријавениот пред угостителски објект на улицата „Партизанска” во Охрид, без да поседува соодветно одобрение издадено од надлежен орган во време на забрана за движење на населението поради заштита од Ковид-19 – информираат од СВР Охрид.