Пријава за охриѓанец за бесправно градење
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишниот З.Д. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
| | Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишниот З.Д. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

На 12-ти август 2021 година, на негов имот на улицата „Бистрица“ во Охрид, пријавениот како инвеститор, без одобрение за градба изградил куќа, за која при извршен инспекциски надзор било констатирано дека објектот е изграден без соодветна дозвола и било донесено решение за отстранување на објектот – информираат од МВР.