Пријава за угостител од Струга кој преку „Месинџер“ пуштал видео записи од видео надзор, на кои било снимено лице од Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишниот М.Т. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
| | Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишниот М.Т. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
– Пријавениот, во периодот од април до мај 2021, преку апликацијата „Месинџер“ пуштал видео записи снимени од видео надзорот во неговиот угостителски објект, а на кои е снимено лице од Охрид вработено во објектот, нанесувајќи му штета на неговото достоинство, информираат од МВР.