Skip to main content

Пријавено дека мајка физички ja малтретирала 11-годишната ќерка во Охрид

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен од основно училиште во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 18 ноември 2026 година, во 11:30 часот, во СВР Охрид било пријавено сомнение за физичко малтретирање на 11-годишно девојче од страна на нејзината мајка.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен од основно училиште во Охрид, од каде посочиле дека ученичката била физички малтретирана во семејниот дом.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.