Skip to main content

Повеќе пријави за физички напади во Охрид, меѓу повредените и малолетници

Во текот на 3 мај, во СВР Охрид биле регистрирани неколку одвоени случаи на физички напади, дел од нив со инволвирани малолетни лица.
 |  инфодеск  | 

На 03.05.2026 во периодот од 15:15 до 16:00 часот во СВР Охрид бил извршен службен разговор со две лица на возраст од 47 и 65 години од охридско, постапувајќи по пријава од 30-годишна жена дека физички ја нападнале нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден во 18:30 часот, 35-годишен маж од Охрид пријавил дека околу 16:00 часот во игротека во трговски центар во Охрид, неговото малолетно дете било физички нападнато од друго дете, при што се здобило со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 20:15 часот, 26-годишен жител на општина Дебрца пријавил дека околу 01:20 часот во Охрид, по претходно недоразбирање во сообраќајот, тој и неговиот малолетен брат биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Во 23:10 часот, 35-годишен охриѓанец пријавил дека во казино во Охрид бил физички нападнат од 36-годишен сограѓанин. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.